Утрински Весник
Македонија

Стефковски: Пристигнати се дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба

Стефковски: Пристигнати се дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба
Dik 300x250 mk

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека повторно има дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Во објавата Стефковски пишува дека „пред 10 минути во општинските основни училишта 25 Мај, Дане Крапчев, Григор Прличев, Кирил и Методиј и Крсте Мисирков се пристигнати дојави за поставени бомби“.

„Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно“, додава во напишаното.

Информира дека е пријавено во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите.

„Сакам да изразам најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и барам од институциите час поскоро преку превземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави“, напиша Стефковски.

Можете да прочитате

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања