Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Стефанова ќе го води предметот за Муареми, Кокаревиќ за станицата за технички преглед

Стефанова ќе го води предметот за Муареми, Кокаревиќ за станицата за технички преглед
Img 7972

Предметот против Финансиската полиција и разрешениот директор Арафат Муареми ќе го води обвинителката Лиле Стефанова, информираа од Обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Предметот и е предаден на Стефанова, која е дел од полициското одделение на Обвинителството за гонење организиран криминал. Според извештајот од Републичкото обвинителство, токму ова одделение е надлежно за постапување.

Вториот предмет со чија предистрага се испитува зошто Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија, го доби обвинителката Катерина Коларевиќ. Таа веќе постапува по предметот кој се води против ексгенералниот секретар на Влада, Мухамед Зеќири.

„Постапувањето по овие предмети ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави“, информираа од Обвинителството.

Овие два предмети ги водеше суспендираната обвинителка Вилма Русковска. Таа пред две недели, кога поднесуваше жалба до Советот на јавни обвинители, потенцираше дека ќе се сомнева во постапувањето по овие предмети, без разлика кој обвинител ќе ги наследи, со оглед дека таа е суспендирана поради воедењето на едниот од нив.

Можете да прочитате

„Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет“

Јанески: Силата е во нас – со чесна работа да го обновиме Крушево

„Реквием“ на Моцарт ја отвора новата сезона на Националната опера и балет