Утрински Весник
Балкан

Стејт департментот на САД го прогласи Алтин Думани за антикорупциски шампион

20241210103352 Big 730x400 98.webp.webp

Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани е прогласен за шампион во борбата против корупцијата за 2024 година од американскиот Стејт департмент.

-На свеченоста одржана во Стејт департментот, со присуство на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, првиот човек на СПАК се најде меѓу 10-те имиња за светски шампиони во борбата против корупцијата, објавија албанските медиуми.


Според нив „признанието му се доделува за напорите што ги вложил и вложува против корупцијата и организираниот криминал како прв човек на СПАК во Албанија”.

-Благодарение на Думани, денес СПАК е нај доверливата јавна институција во Албанија, изјавил меѓу другото Блинкен.

Стејт департментот, од 2021 година, на 43 лица им има додадено признание за нивните напори да ја поддржат демократијата и да промовираат одговорност во нивните земји

Можете да прочитате

Поднесено барање за укинување на пратеничкиот имунитет на Илхан Ќучук

По 30 години во Хрватска потврден случај на лепра кај странски работник

БиХ: Триесет години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор