Утрински Весник
Македонија

Стејт департментот ги нотираше бугарските клубови во извештајот за верските слободи во Македонија

Стејт департментот ги нотираше бугарските клубови во извештајот за верските слободи во Македонија

Новиот статус на Македонската православна црвка – Охридска архиепископија не беше целосно решен на крајот на годината, се наведува во извештајот на Стејт департментот за верски слободи од 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Американската влада наведува дека Всленскиот патријарх на Источната православна црква ја призна МПЦ-ОА како канонска, како ставање крај на долгиот период за непризнавање од страна на глобалната православна црква, пренесе „Гласот на Америка“ за новиот извештај на Стејт департментот. 

Во него, наведен е ставот на ИВЗ дека владата продолжува да покажува фаворизирање кон МПЦ-ОА, иако бил забележан напредок на односите релација ИВЗ-Влада.

Американската влада наведува дека минатата година во Северна Македонија продолжија да се разгледуваат измените на законот со кои би се овозможил поединечни цркви и џамии да добијат правен статус, што е барање на МПЦ-ОА и Исламската верска заедница во Северна Македонија.

Американската влада во годишниот извештај за меѓународна верска слобода се осврна и на отворањето на бугарските клубови во Северна Македонија.

„Еврејската заедница соопшти дека отворањето на два бугарски културни клуба именувани по поединци кои работеле со Германците во Втората светска војна, го навредува споменот на Евреите од Северна Македонија кои загинале во логорот на смртта Треблинка. Демонстрантите и полицијата се судрија на отворањето на еден од клубовите. По протестите, на 2 ноември, парламентот ги измени релевантните закони за забрана на регистрација и работа на ентитети кои ги носеа имињата и симболите на нацизмот, националсоцијализмот или на Третиот рајх или се залагаа за нетолеранција, омраза, фашизам. Медиумите објавија еден инцидент на вандализам врз манастир лоциран во мнозинско муслиманско подрачје и 13 инциденти на кражби од цркви, манастири и џамии во текот на годината“, се наведува во извештајот.

Државниот секретар, Ентони Блинкен изјави дека извештајот дава сеопфатен преглед заснован на факти за состојбата на верските слободи во речиси 200 земји и територии низ целиот свет, пренесе „Гласот на Америка“.

Можете да прочитате

Во тек е јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија