Утрински Весник
Спорт

Стејк тимот го претстави болидот за новата сезона

C44 Front High Stake Zho 16 9.jpg

„Ова не е Формула 1 болид каков што сте виделе досега. Агресивен, возбудлив, различен – на и надвор од патеката: Стејк Ф1 Тим Ц44 конечно е тука и за него веќе се зборува во светот на мотоспортот“, со овие зборови започнува соопштението за медиумите, по презентацијата на болидот на Стејк тимот за новата сезона во првенството на Формула 1.

Валтери Ботас и Џоу Гуанжу за прв пат ќе ги возат новите машини во петок, на приватен настан за сопствениците во Барселона, пред да заминат во Бахреин на тридневниот тест што ќе го означи официјалниот почеток на сезоната.

Од фабриката се надеваат дека хармонично распоредените црни и зелени бои ќе бидат привлечни за секој фотограф на патеките ширум светот, но и лесно ќе го привлече вниманието на гледачите покрај ТВ екраните.

„Ц44 е резултат на работата на стотици луѓе во Хинвил, кои работеа со месеци на дизајнот, развојот и конечно претставија нов болид кој е возбудлив“, велат од Стејк Ф1 тимот.

„Ц44 дава дефинитивно поинакво чувство, и поради неговиот изглед, но и поради она што го очекуваме од самиот автомобил. Треба да работиме како да го извлечеме максимумот од овој „пакет“ кој има импресивен потенцијал, ништо друго не е важно. Лично влегувам во трета сезона со тимот, целите треба да бидат повисоки. Моите лични очекувања се големи и дефинитивно треба да направиме добри чекори и да напредуваме во однос на минатата година, во која, искрено кажано, не ги исполнивме целите што си ги поставивме“, изјави Валтери Ботас.

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот