Утрински Весник
Спорт

Ставре Јада со прв настап на ЗОИ: Трката ја заврши на 89. место

Image 4.png

Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада утрово го имаше првиот настап на Зимските олимписки игри во Милано Кортина.

Јада настапи на корс кантри спринтот од 1,6 километри.

Тој, патеката ја мина за време од 3.59.56 заостанувајќи за над 52 секунди зад првопласираниот.

Јада на крајот го освои 89тото место во конкуренција од 94 тркачи (еден од пријавените тркачи не настапи).

Следниот настап на Јада ќе биде на 13 февруари на трката од 10 километри.

Можете да прочитате

ЗОИ: Норвешка, Швајцарија и Јапонија најупсешни нации во првите три дена

Трамп го нарече „шлаканица во лицето“ за САД шоуто на полувремето на Супербоул

ЗОИ 2026: Норвешка лидер на листата медалисти