Утрински Весник
Спорт

Стартна победа за македонските кошаркарки во квалификациите за Евробаскет

20251112190405 big 730x400 55.webp.webp

Минимална победа постигнаа македонските кошаркарки во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскет. Во Скопје попладнево совладана беше Данска со 79:78 (18:21; 21:19; 19:18 и 21:20).

Во изедначен натпревар македонските кошаркарки постигнаа важна победа на стартот од новата рунда квалификации. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во првата четвртина водеа со 18:13, но противникот направи серија од 8-0 за водство на крајот на четвртината од 21:18. Репрезентацијата на Данска стигна и до предност од девет разлика (29:20), но македонскиот состав сепак до крајот на полувремето успеа да дојде и до водство.


Во третиот период двете репрезентации се менуваа во водството, додека во последниот нашиот национален тим имаше постојано водство кое успеа да го сочува до крајот.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Мерит Хемпе со 25 поени, додека кај Данска Фрида Форман постигна 18 поени.

Во следното коло македонската женска репрезентација игра на домашен терен во сабота, а противник е селекцијата на Грција. Дуелот се игра во СРЦ „Кале“ со почеток во 18 часот.

Можете да прочитате

Охрид со висока победа над Алкалоид го мина на табелата

Милевски: Летонија е убава шанса да ја видиме и пошироката слика

Секој фудбалер на ДР Конго ќе добие милион долари ако репрезентацијата избори пласман на СП 2026