Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Старо дрво падна врз автомобил во Карпош, било обележено за сечење и „заборавено“

Drvo.jpeg
300x250 opst2

Дрво падна врз паркиран автомобил на улицата Веселин Маслеша во Карпош 2. За среќа нема повредени, пишува Слободен печат.

Жителите раскажуваат дека станува збор за старо дрво кое било обележено за сечење, но надлежните служби тоа досега не го направиле.


Од 2020 година наваму има две пријави до „Паркови и зеленило“ за кои јас знам, но дрвото беше оставено така. И не е само тоа, тука сите дрвја покрај улицата и надолу покрај другите згради се стари и се распаѓаат – вели граѓанин.

Во Скопје и во Општина Карпош речиси при секое невреме со посилен ветар паѓаат дрвја. Последниот случај беше во Карпош 3 кога гранка од дрво падна и повреди дете.

За состојбата на дрвјата во градот надлежно е ЈП „Паркови и зеленило“, но тие најчесто реагираат по пријава на граѓани.

Во таков случај, состојбата ја утврдува посебна Комисија со претставници од Секторот за комунални работи на Град Скопје и од претпријатието, кои излегуваат на терен и доколку дрвото е старо, заболено, искривено или пречи на подземната и надземната инфраструктура издаваат решение за сечење или кастрење.

За штетите предизвикани од паднати гранки и дрвја одговорност има само доколку дрвото било обележено за сечење.

Доколку паднатото дрво било обележано за сечење, но од некоја причина не е исечено, само тогаш ЈП „Паркови и зеленило“ сноси одговорноста за предизвиканата штета. Во денешниов случај, како што тврдат граѓаните, дрвото било обележано, а од претпријатието ќе треба да објаснат зошто досега не било исечено.

Можете да прочитате

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Меџити од централниот митинг во Чаир: Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум да работам до крај

Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот