Утрински Весник
Свет

Стармер подготвен да испрати британски војници во Украина заради гарантирање на мирот

20250217073227 Big 730x400 62.webp.webp

Британскиот премиер Кеир Стармер изјави вчера дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку е потребно за безбедноста на Велика Британија и Европа.

Обединетото Кралство игра водечка улога во поддршката на Киев во неговата војна против Русија, што „исто така значи дека сме подготвени да придонесеме за безбедносните гаранции за Украина со испраќање на свои војници на терен доколку е потребно“, истакна Стармер, пишувајќи за Дејли Телеграф.


„Не го кажувам ова лесно“, додаде тој, потврдувајќи дека ја разбира „одговорноста што доаѓа со потенцијалното ставање на ризик на мажите и жените од британската војска“. Но, „помагањето за обезбедување на безбедноста на Украина значи помагање да се обезбеди безбедноста на нашиот континент и безбедноста на земјата“.

Стармер потврди дека ќе учествува на денешниот европски состанок во Париз за да се соочи со „забрзувањето“ на американската администрација во врска со досието за Украина и да дефинира заеднички одговор за зајакнување на безбедноста на Стариот континент.

Тој исто така рече дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп „во наредните денови“. Според премиерот, Обединетото Кралство има „единствена улога“ во обезбедувањето блиска соработка меѓу Европа и САД.

„Американската поддршка ќе остане најважна, а американското безбедносно осигурување е од суштинско значење за траен мир бидејќи само Соединетите Држави можат да го одвратат (рускиот претседател) Путин од повторен напад“, нагласи Стармер.

Покрај францускиот претседател Емануел Макрон, на собирот што се организира во Париз по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина на 4 февруари, се очекува да присуствуваат и лидерите на владите на Германија, Обединетото Кралство, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.

Можете да прочитате

Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“

АУ предупреди на опасност од проширување на епидемијата на мајмунски сипаници

Поддржувачите на Калин Георгеску најавија протести во Романија