Утрински Весник
Економија

Стапката на слободни работни места останува 2,02% во третото тримесечје

Drzhaven zavod za statistika 2.jpg

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје изнесува 2,02 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу слободни позиции има во Елементарни занимања – 2.052 од вкупно 10.033.

Најголем број работни места се регистрирани во преработувачката индустрија (2.393), трговијата (1.830), административните и помошните дејности (867) и образованието (730). Вардарскиот регион бележи највисока стапка на слободни места – 2,53 проценти.

Секторот со највисока стапка е Објекти за сместување и храна (3,69%), а најниска е во снабдување со електрична енергија и гас (0,22%). Највисока стапка имаат фирмите со 10–49 вработени – 2,70 проценти. Стапката останува стабилна – исто ниво од 2,02% беше забележано и во првиот квартал, а 2,08% во вториот.

Можете да прочитате

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот