Утрински Весник
Свет

Стапија на сила повисоките царините на Трамп

Carini.webp.webp

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија на сила на полноќ по источно време за стоки од главните трговски партнери на САД.

Американската царина почна со наплата на повисоките давачки после неколку седмици на неизвесност околу крајниот износ на давачките и преговорите со трговските партнери со цел нивно намалување.


Производите кои беа натоварени на бродови кои патуваа кон САД и беа во транзит пред истекот на рокот на полноќ, им е дозволено да влезат во државата со пониските претходни давачки пред 5 октомври.

Трамп воведе високи давачки за голем број држави, вклучувајќи 50% за производи од Бразил, 39% за оние од Швајцарија, 35% за Канада и 25% за Индија. Вчера, тој објави посебна давачка од 25% за индиска стока, која ќе биде воведена за 21 ден бидејќи Индија купува руска нафта. “Контратарифите стапуваат на сила на полноќ.”

“Милијарди долари, претежно од земји кои со години ги искористуваа САД со насмевка на лицата, ќе почнат да се влеваат во САД,” напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Осум значајни трговски партнери, кои опфаќаат околу 40% од трговијата со САД, постигнаа рамковни спогодби за трговски и инвестициски отстапки, вклучувајќи ја Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, и успеаја да ги сведат своите основни царински стапки на 15%. Велика Британија постигна 10%, додека Виетнам, Индонезија, Пакистан и Филипините достигнаа 19% или 20%.

Можете да прочитате

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Болсонаро ја окупираа парламентарната говорница

Само 1,5 проценти од земјоделското земјиште во Појасот Газа е употребливо