Утрински Весник
Свет

Стано: ЕУ ќе воведе санкции за организаторите на нелегалните референдуми

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ
Dik 300x250 mk

ЕУ смета дека референдумите за приклучување кон Русија организирани во украинските региони се „нелегални“ и сите лица кои учествувале во нивната организација ќе бидат казнети, изјави портпаролот на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

dobivaj vesti na viber

„Сите лица кои учествуваа во организирањето на тие нелегални референдуми и кои ги поддржаа ќе ги сносат последиците“, изјави портпаролот на Борел, Петер Стано на редовната дневна прес-конференција во Брисел.

Европската унија подготвува нови економски и индивидуални санкции против Русија, а на листата ќе бидат додадени и лица кои јасно се вклучени во тие референдуми, изјави денеска во обраќањето пред Европскиот парламент еден од соработниците на Борел, Лук-Пјер Девињ.

„Секоја поддршка за тие незаконски референдуми е незаконска. Се зависи од вклученоста во таа поддршка“, рече Стано и додаде дека земјите-членки на ЕУ ќе утврдат дали активностите на тие лица се предмет на санкции и дали има причини да се воведат санкции за нив.

За воведување нови санкции потребна е едногласна одлука на европските дваесет и седум земји.

ЕУ веќе воведе санкции против Москва, вклучително и суспендирање на купување јаглен и нафта. Таа, исто така, стави повеќе од илјада Руси, вклучително и претседателот Владимир Путин и бројни олигарси, на црната листа на лица на кои им е забранет влезот во Унијата, потсетуваат медиумите во регионот.

Можете да прочитате

Трамп сака да им исплати по 2.000 долари на сите американски граѓани

Иран предупредува дека пресушуваат резервоарите со вода, можна евакуација на Техеран

Дронови и ракети ја погодија електричната и грејната инфраструктура во Русија и Украина