Утрински Весник
Спорт

Станковиќ: Кој не е подготвен да ја брани Сампдорија нека ми каже веднаш

Станковиќ: Кој не е подготвен да ја брани Сампдорија нека ми каже веднаш

Фудбалерите на Сампдорија доживеаја уште еден шокантен пораз. На „Луиџи Ферарис“, екипата на тренерот Дејан Станковиќ, промаши пенал при резултат 1:1, а потоа прими гол во 90.минута и загуби од Болоња 1:2.

dobivaj vesti na viber

Сампдорија е претпоследна на табелата со само 11 поени, осум помалку од Спација која е во безбедната зона.

Од оваа перспектива Сампдорија тешко ќе опстане во Серија А. Тренерот Станковиќ најавува дека неговите избраници нема да се предадат.

„Ние сме должни да ја браниме Сампдорија до крај. Кој не го сака тоа веднаш да ми каже. Не се плашам дека тоа ќе се случи, но би го ценел ако можете да ми кажете“, изјави Станковиќ.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026