Утрински Весник
Скопје

Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Orce gradonacalnik.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на Левица:

Со небулози не можат да се покријат системските пропусти за нефункционирањето на јавниот превоз, констатираше советничката од редовите на Левица во Град Скопје Евгенија Станкоска, коментирајќи ги предлог програмите на градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски кои предвидуваат проекти за подигање на свеста за користење на јавниот превоз.

„Искрено, не сметам дека е соодветно да се троши време на банална програма. Сакам да ви прочитам само една точка. ‘Поддршка на проекти за подигање на свеста преку кампањи и друг вид на иницијативи за користење на јавниот превоз, користење на велосипедот како средство за превоз и подигање на свеста за јавната хигиена.’”

Според Станкоска, власта наместо да го лоцира коренот на проблемот, а тое е нефункционалниот јавен превоз, таа го лоцира проблемот во граѓаните.

„Не знам во кој град живееме? – Граѓаните чекаат 5-ка, чекаат 57-ца, чекаат 15-ка и чекаат по 45 минути или час. Граѓаните се многу повеќе од свесни дека треба да користат јавен превоз, но тој не е функционален. И вие, сега ќе решавате системски пропусти, со небулози. Покренувате иницијатива за подигнување на свеста на граѓаните.”

На крајот советничката од Левица истакна дека поради неможност да се направат конкретни реформи и промени, власта го обвинува поединецот, во насока дека граѓаните се криви за состојбата во јавниот превоз или со отпадот.

Можете да прочитате

ЈСП со повик до студентите да ги заверат бесплатнитe билети

Општина Аеродром започнува контроли на прекумерна бучава

Дали Минчев му предложил на Мицкоски да ја кандидира Арсовска за градоначалник?