Утрински Весник
Македонија

Стаменкоска Трајкоска до Ковачевски: Револуцијата во соларните панели е за вашите бизнис интереси, затоа вашата сопруга отвора фирма

Стаменкоска Трајкоска до Ковачевски: Револуцијата во соларните панели е за вашите бизнис интереси, затоа вашата сопруга отвора фирма

Спомнувате енергетска револуција која државата не ја видела со децении, а сте направиле нешто што функционира само помеѓу десет и 14 часот, ако има сонце дај боже и за 150 мегавати, Козјак произведува повеќе електрична енергија од вашата револуција која е само за вашите бизнис интереси, премиере. Да не беше за вашите бизнис интереси, немаше вашата сопруга да отвора фирма. Немаше Пиксел груп да добива толку државна помош, како што добива, немаше тие ред други фирми кои ги има на отворени финансии и на кои јавноста може да види, да добиваат толкава финансиска поддршка, му посочи на премиерот Димитар Ковачевски пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната седница за именување на нови министри.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека премиерот нема со што да се пофали затоа што како влада немаат постигнато резултати и затоа, место да го ги образложи квалификациите на новите предлози за министри и постигнатите резултати во изминатата година, Ковачевски поголемиот дел од говорот го троши на навреди на опозицијата.

„За вашиот говор околу предложените кандидати кој ви траеше 15 минути вие кажавте само еден краток дел за новите министри. Само ги прочитавте со име и со презиме и на тоа останавте. Но вашиот говор, поделен на два дела во седум минути помалку зборувавте за некакви политики на градење, а всушност гледаме политики на крадење. Зборувавте за постоење на ред и поредок, ама да имаше ред и поредок во државава немаше ние како опозиција да се буниме толку многу. А останатите минути премиерот ги потроши да ја навредува опозицијата. А, ако имавте резултат многу повеќе од говорот, место за навреди на опозицијата ќе задржуваше на нивно презентирање“, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Во однос предлозите за новите министри таа додаде дека со нивните предлози, премиерот поддржува нелегални стекнати имоти на министри, како куќата на предлогот за министер за здравство, Фатмир Меџити што покажува дека во државава ќе си врват криминалот и корупцијата.

„Премиере, погледнете, ова е тоа што вие го поддржувате. Ова е куќата на вашиот нов, ако го одберете, министер за здравство Фатмир Меџити, соседот на Арбен Таравари. Оној кој незаконски има стекнато имот во Тафталиџе, оној кој зборуваше во минатото едно, а денес прави друго. Оваа слика нека ја потсетува македонската јавност дека криминалот и корупцијата продолжуваат да врват во државава“, кажа Стаменкоска Трајкоска.

Можете да прочитате

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид