Утрински Весник
Магазин

Сталоне открива како го спасил бракот

Сталоне открива како го спасил бракот
Dik 300x250 mk

Силвестер Сталоне проговори за тоа како го спасил 25-годишниот брак со Џенифер Флавин нагласувајќи дека, конечно, го ставил семејството над кариерата.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Сандеј тајмс“ тој раскажува за силите што ги вратија заедно со својата сопруга по кратката разделба изминатово лето.

„Имаше повторно будење на она што беше повредно од сè, а тоа е мојата љубов кон моето семејство“, изјави 76-годишниот Сталоне за весникот.  „Тоа има предност пред мојата работа и тоа беше тешка лекција за учење“.

Сталоне признава дека жали што во некои случаи се фокусирал на својата кариера наместо на своите деца.

Сталоне (76), кој со Флавин (54) има три ќерки – Софија (26), Систин (24) и Скарлет (20) – признава дека не обрнувал доволно внимание на децата кога биле мали.

„Не им обрнував доволно внимание кога растеа. Доста долго бев ориентиран кон кариерата, а сега си велам: во ред, немам многу писта пред себе и сакам да почнам да ги прашувам за нивните животи“.

„Сакам да ги прашам каков им бил денот“, додава тој.

Поранешната манекенка и модел поднесе барање за развод од ѕвездата на „Роки“ на 19 август, но двајцата за кратко време ги премостија разликите.

Можете да прочитате

Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна

Хумус со тиква – 24info.mk

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари