Утрински Весник
Македонија

Стабилно време уште неколку дена, па пак промена

Vreme Dozd Sonce 960x545 1.jpg

Утринските часови ќе донесат пониски температури и услови за појава на магла во одделни котлини, додека преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб ветер, претежно од југозападен правец.

Минималните температури ќе се движат од –3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат од 15 до 19 степени.


Во Скопје, наутро е можна слаба магла во делови од котлината. Преку ден ќе преовладува сончево и претежно тивко време со умерена висока облачност. Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 17 степени.

Во недела ќе продолжи стабилното, сончево и тивко време, со услови за утринска магла во одделни котлини.

Во понеделник, пак, се очекува зголемување на облачноста, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Периодот ќе биде проследен со умерен до засилен јужен ветер, со појаки удари кои локално можат да надминат 60 km/h.

Можете да прочитате

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев