Утрински Весник
Македонија

ССМ со јасна порака: Не може да има за пратениците, а да нема за работниците!

Img 6320.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, денеска во 12:05 часот на улица ја отворија првата јавна седница. На нога, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, го прочита дневниот ред со три точки, кој беше едногласно прифатен. Седницата започна со едноминутен молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.

„Имајќи предвид дека првата јавна седница на ССМ се одржува во исклучително тажни услови, со едноминутно молчење да оддадеме почит на трагично загинатите луѓе во Кочани. Слава им. Брзо закрепнување на сите повредени,“ истакна Трендафилов.


Првата точка на дневниот ред беше јасната порака дека „не може да има за пратениците, а да нема за работниците.“ Втората точка предупредува дека „подадената рака на работникот денес може да стане стисната тупаница утре.“ Третата точка е најважната порака кон Владата – дека не може да се одлучува за работниците без работниците!

ССМ останува цврсто на барањето минималната плата да биде 500 евра, за што веќе испратија предлози до Собранието и Владата.

Работниците заслужуваат достоинство и правични плати!

Можете да прочитате

Нула жртви за 17 години: Како Црвениот крст ги спасува бездомниците во најстудените ноќи во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ испрале два милиони евра преку наместен тендер во АД ЕСМ

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк