Утрински Весник
Македонија

ССМ: Портпарол сум само на работниците, ни на СДСМ, ни на Левица – бараме минимална плата од 550 евра

Ssm Trendafilov1 1.jpg

ССМ не отстапува од барањето минималната плата да се зголеми за 100 евра, за колку што пресметале дека се зголемени трошоците за живот во последнава година.

„Не сум портпарол ниту на СДСМ ниту на Левица. Јас сум портпарол само на работниците“, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, по одржувањето на состанокот на Претседателството, како порака до Владата од каде неколку дена по ред го обвинуваат дека е партиски послушник.


Трендафилов ги потсетува ВМРО-ДПМНЕ дека токму со нив, додека беа во опозиција, имале многу состаноци и средби каде се разговарало токму за зголемување на минималната плата.

„Најостро ги осудуваме политичките напади на ССМ се со цел како и до сега што правеа некои други, да стават функционерска чизма на вратот на работникот за да не добијат зголемување на платите. Тоа не им го дозволивме на претходните, нема да им го дозволиме ни на сегашните“, рече Трендафилов.

Претседателството одлучило да побара поддршка од братските и сестрински синдикати, европската и меѓународната конфедерација на синдикати и да побара нивно вклучување во Македонија, но и пред Европската комисија, се со цел да се покаже дека само во држави кадешто има режим се напаѓаат синдикатите, а последен таков пример е Белорусија.
„Доколку Македонија сака да биде Белорусија, а не дел од ЕУ, може да продолжат да го прават тоа“, додаде Трендафилов.

Претседателството донело одлука во наредниот период седници на Претседателството, на Советот и на највисоките органи и тела да се одржуваат на отворено, пред работодавачите и пред Владата, како досега што го правеле тоа на претходната Влада; „имајќи во предвид дека во 2022 година токму на таков начин обезбедивме 2.806 денари“.

„Синдикатот молеше Владата да седне со нас да разговара за зголемување на платите до Нова година“, рече Трендафилов.

„Политички претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ одбра да го напаѓа синдикалниот лидер и да изјавуваат дека се координирал со опозициски партии. Впрочем, да не му кажуваат на тој што излегува на телевизија како се координираме со нивните политички лидери, со нивните пратенички групи, со пратениците од нивните политички структури, е не само смешно и трагично, имајќи во предвид дека на говорниците обвинуваат за некаква координација со опозиција.

Се координирам само со Претседателството на ССМ и со неговите членови и решивме на 2, на 7 април и на 1 мај, доколку нема слух од спротивната страна да излеземе на протести како што беше тоа и минатата година“, рече Трендафилов.

Тој е изненаден од силата што му се придава, па се чуди како успеал да ја собере целата опозиција на своја страна и да ја обедини.

„Јас лично како Слободан Трендафилов не знаев дека сум толку јак да ја обединам цела опозиција да застане позади мене да поддржи зголемување на платите на работниците, а од друга страна партијата на власт да се плаши од еден човек, на кој планира да му ја скине главата. Нмеа да дозволме на никој, без разлика дали доаѓа од позиција на власт или опозиција, како ССМ, како организџација која постои 79 години во Македонија, да ја напаѓаат, и да работат со политички наредби на локално ниво во општините, во јавните претпријатија како и во министерствата, од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со наредби на нивните директори, полтрони, на нивните раководители и шефови да прават упади во синдикалните организации на ССМ се со една цел да го зајакнат КСС, на сметка на работниците во Македонија, да приофати минималната плата да изнесува 24.400 веројатно некој мисли дека ни е многу, да го извадат Живко Митревски (поранешен лидер на ССМ) за платата да биде 8.050 денари и да не ја зголемат минималната плата на сите вработени во јавниот секотр за 12,6 проценти нето или 12,9 проценти бруто колку што е порастот на просечната плата во Македонија за претходната година, зголемена за 5 проценти“, додаде тој.

За да не биде дека се координирале со никого, тој денеска побара зголемување на минималната плата на 550 евра.

Потенцира дека подаваат рака да се договорат со власта за остварување на сите права кои им следуваат на работниците според Општиот колективен договор, а кој смета дека власта со „гимнастички“ потези успева да ги избегне.

Закажа средба со „колегата Бране“ во парламентот, каде ќе се договрат за зголемувањето на минималната плата на работниците да се зголеми за 12,6 отсто, а ако не, тогаш „ќе биде првиот пратеник од кој сме побарале оставка, затоа што зема плата од сите нас“.

Можете да прочитате

И Васко Ковачевски и други 10 лица опфатени со денешната истрага за нелегална набавка на деривати

На барање на СДСМ ќе се одржи јавна расправа за Концепцијата за гимназиско образование

Давкова во официјална посета на Република Азербејџан