Утрински Весник
Македонија

ССМ најавува масовен протест за зголемување на платите на 28 јануари

Ssm.webp.webp

Сојузот на синдикатите на Македонија најави масовен протест на 28 јануари во 17 часот во Скопје, со главно барање покачување на минималната плата на 600 евра. Протестот ќе започне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во отворено писмо до работниците истакнува дека протестот е егзистенцијална борба, а не прашање на избор.

,,Овој протест не е за ‘ако имаш време ќе дојдеш’, туку за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први. А кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно“, наведува Трендафилов. Тој обвинува дека работниците се потценети и од работодавачите и од власта, при што едните профитираат од ниски плати, а другите ја користат економската несигурност за политичка контрола.

„На газдите им е важно со ниски плати да им го создавате капиталот, а на властите со ниски плати да ве владеат – сиромашен, но послушен народ“, се наведува во писмото. Според ССМ, над 200 илјади работници во државата земаат плата под 31.200 денари, што е под прагот на сиромаштија, додека функционерите добиваат значителни покачувања.

Можете да прочитате

Малите продажни објекти ќе бидат сериозно погодени од новиот закон за пушење

СДСМ: Само по скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот

Шарената џамија во Тетово и Хаџи Балабан џамијата ќе бидат реставрирани со поддршка од Турција