Утрински Весник
Македонија

ССМ: Македонија има најниска минимална плата во регионот!

Pari.webp.webp

Објава на Фејсбук на Сојузот на синдикати на Македонија:

ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И ЗОШТО СЕ БОРИМЕ?


Состојбата со минималната плата во регионот е следна:

Во Македонија, висината на минималната плата изнесува 397 евра и според најавите на Владата истата нема да се менува до март 2026 година кога планираат само законско усогласување кое нема да биде поголемо од 1.600 денари.

Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази. Во првата фаза од јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од јули 2026 година ќе изнесува 500 евра или зголемување за 150 евра.

Албанија, од 1 јануари 2026 година, минималната плата ќе изнесува 500 евра. Минималната плата ќе се зголеми за 307.850 вработени, кои ќе го добијат износот од 500 евра. Владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување за вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци (тоа што го бараше ССМ)

Србија, Владата со Одлука ја зголеми минималната плата и истата од октомври 2025 година изнесува 500 евра, а од јануари 2026 година ќе изнесува 550 евра.

Република Српска (БиХ), Економско социјалниот совет се согласи од јануари 2026 година минималната плата да изнесува : за неквалификуваните работници 512 евра, за квалификуваните работници 538 евра, за работниците со ССС 564 евра, за работниците со виша 692 евра, а за работниците со ВСС 743 евра.

Босна и Херцеговија, минималната плата за 2025 година изнесува 1000 км или 511 евра.

Црна Гора, минималната плата изнесува 600 евра за работници до средно образование, а 800 евра за работници со високо образование.

Жалосно е тоа што Владата има сојузници и во работодавачите и во некои синдикати (КСС за кои веќе предупредувавме дека на сила ги прават репрезентативни само за да нема зголемување на платите, за да ги поддржуваат и за да бидат против работниците), а кои како папагали повторуваат дека треба само да се почитува законот.

Сојузот на синдикатите на Македонија организираше низа протести за зголемување на минималната плата и ќе продолжи да организира, а работидавачите со нивниот игноратски однос ќе предизвикаат генерален штрајк.

Денеска имаме Влада, Газди и КСС кои се на иста страна и се притив работниците, а се задоволни што македонските работници тонат во сирамаштија, што имаат најниски плати во регионот и најниска минимална плата, ама се е по закон!

Затоа функционерските плати не се намалија, функционерите ги задржаа своите 78, а сега веќе 79% зголемени плати, а во тек е расправа за Буџетот за 2026 година каде што народните избраници со плата од над 2000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата добро живеат, ќе се фалат како ќе нема зголемување на работничките плати, како нема предвидено повеќе пари за раст на минималната плата од она што го предвидува законот, а тие истите се тие кои можат да менуваат закони!

Затоа се бориме.

Се бориме затоа што работникот заслужува достоинствена плата, а не статистичка бројка.

Се бориме затоа што регионот оди напред, а само Македонија ги турка работниците назад.

Се бориме затоа што без работник – нема економија.

Се бориме затоа што 397 евра не се живот, туку борба за преживување.

И ќе продолжиме.

Сѐ до зголемување на минималната плата.

Сѐ до достоинство за секој работник.

Можете да прочитате

Масовен протест во Скопје: „Марш на ангелите“ со порака до Судот и Собранието

Секретарката на премиерот Мицкоски разрешува директори

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Трајановски за потпретседател го потврдува влијанието на Заев