Утрински Весник
Македонија

ССМ бара одговорност и оставка од Врховен суд доколку е точно дека донел пресуда за одземање на работничкиот дом

Picture 1188 660x332 1
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов денеска соопшти дека според информациите со кои располагаат, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема објектот на ССМ.

На вонредна прес-конференција, Трендафилов рече дека ќе сторат се да не се одземе објектот на ССМ и дека ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд, а од Советот на судии, кој броел пет члена, доколку донел ваква одлука, ќе биде повикан на одговорност.

– Работниот дом го преживеа катастрофалниот земјотрес од 1963 година и ќе го преживее потресот од Врховниот суд, а дали Врховниот суд ќе го преживее гневот на работниците, ќе видиме, рече Трендафилов.

Можете да прочитате

Камион се превртел кај Желино

СДСМ: Власта е во паника од темата „мигранти за пари”

Татко и син од гевгелиско заедно дилале – осомничени за илегална трговија со марихуана