Утрински Весник
Економија

ССКМ :Да не се користи моменталната состојба со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните

Sskm mk logo.png

Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија), со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. На средбата беа донесени следните заклучоци:

  1. Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 % во државата;
  2. Како општествено одговорна индустрија, преставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што состојбите континуирано што ќе се следат и ќе се анализираат;
  3. Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените;
  4. Исто така, мелничко пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите.

Можете да прочитате

WIZZ AIR најавува отворен ден за пилоти за својата база во Скопје

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод 

„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза