Утрински Весник
Македонија

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид еден од повреден во сообраќајката кај Табановце во која има една жртва

Img 8061

Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвезите на Гранд“, Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, бил дел од сообраќајната несреќа синоќа на граничниот премин Куманово – Табановце. Во сообраќајката учествуваа три возила при што загина едно лице, а повеќемина се повредени. МВР информираше дека Ѓорѓе Давид управувал едно од возилата, а со повредените е пренесен во кумановската болница.

– На 20.01.2024 околу 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Граничен премин Табановце, на околу 2 км пред граничниот премин, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово. Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б.Т, а со телесни повреди се здобил Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Како се избира нов папа по смртта на Папата Франциск

Меџити: Ако Таравари сака соработка со ДУИ, не му е местото во Владата

„Културата не е трошок“ – Синдикатот на културни работници утре излегува на протест