Утрински Весник
Балкан

Српски медиуми: Директорот на ЦИА е во посета на Белград

20240822064604 Big 730x400 60 E1724306766932.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По посетата на Сараево, директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс пристигна во Белград. Нема официјални информации за посетата на Барнс на Србија, ниту пак се знае кои теми се на маса, јавија белградските медиуми.

Поранешниот дипломат и поранешен амбасадор на САД во Русија, а сега клучна фигура во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, Вилијам Барнс, ја започна својата „балканска турнеја“ со посета на Босна и Херцеговина.

Барнс пристигна во главниот град Сараево на 20 август, каде што се сретна со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со министерот за надворешни работи на таа земја.

Претставник на американската влада потврди за ТВ Н1 Сараево дека разговарале за прашања од заеднички интерес, кои ги вклучуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина. Исто така, тие разговараа за „загрижувачката сецесионистичка реторика и постапки на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и Владата на Република Српска“, изјави претходно за ТВ Н1 Сараево претставник на американската влада.

Можете да прочитате

Блокади на Евзони и низ Грција

Чациленд полека станува „новогодишно село“: Елки и украси наместо шатори

Седум турски полицајци ранети во престрелка со ИСИС