Утрински Весник
Македонија

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово

20251121181646 big 730x400 52.webp.webp

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со смртни последилици кај Валандово, на 19 ноември рано утрото, управувајќи товарно возило Мерцедес, сопственост на транспортна фирма од Србија, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија.

Како што информира Обвинителство, тој се товари за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Возејќи по регионалниот пат од Валандово кон Дојран, не се придржувал кон одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што го довел во опасност животот и телото на луѓето. Иако бил должен да го држи возилото во движење што поблиску до десниот раб на коловозот и да го прилагоди движењето на условите на патот за да не ги загрози другите учесници во сообраќајот, тој не го сторил тоа и изгубил контрола, возилото излегло на банкината надвор од коловозот и се превртело на десната страна. Но, во полуприколката на камионот имало и 10 кинески државјани, од кои при превртувањето 35-годишна жена и еден маж го загубиле животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две со полесни повреди, се вели во соопштението од Обвинителството.

Можете да прочитате

Подобра заштита за деца и преживеани од родово базирано насилство

Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар

Отворено детско катче во КПУ Идризово