Утрински Весник
Свет

Српската влада забрани извоз на млеко, освен за Македонија и Албанија

Српската влада забрани извоз на млеко, освен за Македонија и Албанија

Владата на Србија, со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одливот на суровини надвор од границите на земјата, донесе одлука за забрана за извоз на млеко, освен за Северна Македонија и Албанија.

dobivaj vesti na viber

Владата усвои измена на Регулативата за ограничување на цената на основните прехранбени производи, која ќе важи до 30 септември.

Со измената, цената на UHT млекото со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар се ограничува на 128,99 динари.

Исто така, покрај ограничувањето на цената на млекото UHT, ограничени се и трговските маржи со цел да се спречат шпекулативни активности на пазарот, пренесе РТС.

„Владата на Србија продолжува со целосна будност да ја следи состојбата, при што ќе обезбеди доволни количини млеко за потребите на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада