Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека Србија нема да се откаже од барањето за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) за Косово.
Вучевиќ за телевизијата Хепи изјави дека ЗСО е „облик на автономија“ и гаранција дека „српската заедница може да живее во тие области“ и потсети дека ЕУ е „гарант на тој договор“.
Тој посочи дека „Србија мора да остане посветена на мирот и стабилноста“, а главниот интерес е „да се зачува мирот“.
„Ни треба економско и одбранбено зајакнување на Србија. Не сакаме конфликти, но никој нема дилема дека Србија ќе ги заштити своите граѓани и дека нема да се случи нова „Бура“. Армијата е опремена и вооружена, а ние ги поддржуваме и сакаат политиката да ги решава политичките прашања, а не армијата“ – рече Вучевиќ.
Армијата на Србија од 2 ноември е во состојба на засилена борбена готовност, по наредба на претседателот на државата Александар Вучиќ, по појавата на беспилотни летала за кои се вели дека ги набљудувале воените објекти од правец на Косово.