Утрински Весник
Македонија

Средби на Муцунски на маргините на Минхенската безбедносна конференција

4 8.jpg

Во изминатите три дена, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари повеќе средби со високи претставници од различни земји и меѓународни институции.

Министерот Муцунски оствари билатерални средби со министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц, секретарот за надворешни работи на Филипините, Енрике Манало, како и министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов.


Исто така, министерот Муцунски оствари куси средби со министерот за надворешни работи и европски прашања на Малта, Јан Борг, министерот делегиран за европски прашања во француската влада, Бенжамен Адад, министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, пратеничката во Европскиот парламент, Лидија Переира, како и со специјалниот претседателски пратеник на Соединетите Американски Држави за специјални мисии, Ричард Гренел.

Во фокусот на разговорите беа актуелните регионални политички и безбедносни прашања, при што беше нагласена важноста Европската Унија да ја испорача својата поддршка за евроинтегративниот процес. Министерот Муцунски потенцираше дека евроинтегративниот процес е клучна алатка за трансформација на општеството и дека е неопходно институциите доследно да ги користат постојните механизми за продлабочување на соработката во различни области од заемен интерес.

Заеднички беше констатирано дека геополитичките околности значително се променети на глобално ниво, при што, покрај политичките, трговско-економските прашања стануваат сè поважен аспект кој налага брза адаптација на политиките и засилена меѓународна координација.

Соговорниците се согласија дека одржливоста на светскиот мир и безбедноста остануваат врвен приоритет за секоја влада, а продолжувањето на дијалогот и партнерската соработка се клучни за зајакнување на стабилноста и просперитетот на регионот и пошироко.

Можете да прочитате

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Ќе продолжи многу ладниот бран, во недела услови за слаб снег!

ВМРО-ДПМНЕ: Акцелераторот на Онкологија по 8 години повторно е во функција, а листите на пациенти за снимање во ПЕТ центарот се двојно намалени

Од почетокот на месецов, заклучно со вчера – издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот