Утрински Весник
Македонија

Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан

Foto 1 7.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев во резиденцијата „Акорда” во Астана, на која што се разговараше за севкупниот развој на односите меѓу двете држави кои се кооперативни и пријателски.

Укажувајќи на можностите за инвестирање што ги нуди земјава и на важноста на мултиполарниот свет, претседателката ја истакна подготвеноста од македонска страна за натамошен развој и продлабочување на билатералните односи.


Таа повика на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, која е релативно мала, со дефицит на македонска страна. Како што Казахстан е мостот меѓу Азија и Европа, така ние можеме да бидеме мостот со Централна и Источна Европа заради нашата положба, посочи претседателката по средбата.

Домаќинот, претседателот Токаjев, нагласи дека Казахстан е заинтересиран за развој на сеопфатно партнерство со државава и рече „ја сметаме вашата земја како доверлив партнер на Балканскиот Полуостров”.

Тој ја истакна важноста од натамошно продлабочување на економските односи и зголемување на трговската размена преку конкретни чекори, како што се директни средби меѓу компании од двете земји и воспоставување на казахстанско-македонски економски совет.

Сиљановска-Давкова ја поздрави успешната соработка на Казахстан со Европската Унија, која е на врвот на листата на нејзини трговски партнери, особено имајќи ги предвид македонските аспирации за полноправно членство во европското семејство.

Можете да прочитате

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа кај Брвеница

„Стоп за Усје“ ги објави барањата за чист воздух и транспарентност на загадувањето