Утрински Весник
Македонија

Средба Османи- Дендиас: Односите меѓу Северна Македонија и Грција пример за добри соседи

Средба Османи- Дендиас: Односите меѓу Северна Македонија и Грција пример за добри соседи

Во рамки на неговата работна посета на Атина, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас.

dobivaj vesti na viber

На средбата, министрите изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, плодната соработка во бројни сфери и проекти од заемен интерес, како и перспективата на нивното натамошно унапредување, на билатерален, регионален и мултилатерален план.

Се разговараше за договорот од Преспа и неговото позитивно влијание врз севкупните односи и соработка меѓу двете држави.

„Навистина сум задоволен што односите меѓу Северна Македонија и Грција се вистински пример за добри соседи и пример како да се изгради стабилно и долгорочно пријателство засновано на меѓусебна доверба и почит. Имаме договор за стратешко партнерство, чие доследно спроведување претставува основа за понатамошна соработка и дополнително зајакнување на нашите блиски односи” истакна Османи.

Османи упати благодарност за поддршката на Грција во евроинтегративниот процес на Северна Македонија, која оваа година ги започна преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија