Утрински Весник
Македонија

Средба Николоски- Нупнау: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори

Img 1afdc4e9248fe449e5f8f4e527f1a0ff v.jpg
Dik 300x250 mk

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорот на ЕУ, Бен Нупнау.

На средбата вицепремиерот Николоски ја истакна силната определба на Владата за развој на инфраструктурата, со посебен фокус на европските коридори 8 и 10, како и кракот 10 д.


Потребата од економско зајакнување на Македонија и интеграција во регионот е возможно единствено преку изградба и модернизација на патната и железничката мрежа, потенцира вицепремиерот Николоски, истакнувајќи ја потребата од силна подршка од европските партнери во овие процеси.

Тој нагласи дека Македонија се движи во правец на инфраструктурна интеграција во регионот, посочувајќи дека Владата започна интензивни процеси на изградба и модернизација на главните европски рути во земјава, истакнувајќи ги проектите за автопатското и железничкото поврзување на коридор 8, особено проектот за изградба на брза пруга на коридор 10.

Во однос на железничкото поврзување со Бугарија, вицепремиерот Николоски ја нагласи определбата на Владата за доизградба на пругата и заедничката реализација на овој проект со Бугарија, особено по средбата што се одржа во Брисел, а во посредство со Европската Унија. 

На средбата се потенцира и важноста од зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите.

Интегерцијата на Македонија и соработка со ЕУ е стратешка политика на Владата, посочи вицепремиерот Николоски, истакнувајќи дека ќе продолжи посветено да се работи на реформските процеси, на борбата против корпуцијата и владееење на правото.

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената