Утрински Весник
Македонија

Средба на вицепремиерката Грковска со претставници од невладиниот сектор

Средба на вицепремиерката Грковска со претставници од невладиниот сектор

Вицепремиерката Славица Грковска денеска одржа состанок со претставници од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, на кој присуствуваа Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации и Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.

dobivaj vesti na viber

На оваа средба, која е дел од состаноците што вицепремиерката Грковска редовно ги одржува со граѓанските организации, посебно внимание се посвети на активностите за подобрување на политиките и намалување на ризиците од корупција и судир на интереси при јавните набавки во државните институции, процесите за дигиталната трансформација на општеството, како и на планот за работа на Кабинетот за следниот период.

На состанокот вицепремиерката потенцираше дека соработката со граѓанските организации е клучна, затоа што нивната експертиза е важна при креирањето на идните политики.

 

Можете да прочитате

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

Во недела почнува летното сметање на времето