Утрински Весник
Македонија

Средба на вицепремиерката Грковска со Брус Шварц, заменик помошник на Јавниот обвинител на САД

03022024 vrsm grkovska.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во рамки на работната посета на САД, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владење, Славица Грковска, одржа средба со Брус Шварц, заменик помошник на Јавниот обвинител на САД.

Шварц високо ја оцени улогата на вицепремиерката во борбата со корупцијата и го поздрави фактот што  Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка веќе е во собраниска процедура. На средбата беше договорена идна размена на добри пракси меѓу двете земји, затоа што во САД се применува конфискација без осудителна пресуда.

Двајцата соговорници се согласија дека корупцијата е проблем кој е присутен секаде и дека нејзиното сузбивање не е едноставен процес.  Во таа насока, вицепремиерката Грковска истакна дека во оваа борба неопходно е сите надлежни институции да ја вршат својата функција одговорно и професионално, и дека медиумите, истражувачките новинари и граѓанските организации се партнери на институциите.

Таа дополни дека институциите од  правосудството не смеат да ја користат својата независност за да креираат комфор зона и мора да постојат санкции и за судии и обвинители кои незаконски постапуваат. На средбата стана збор и за поддршката која Северна Македонија ја добива од стратешките партнери, кои во континуитет инвестираат во јакнење на нашите капацитети во правосудниот систем, но дека мора да постојат  видливи резултати, квалитетно сработени предмети и успешни конфискации.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче