Утрински Весник
Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на младите: Мора да им овозможиме учество на младите во управувањето со сегашноста

Foto 1 1.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Вила Билјана прими млади од Охрид, по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите.

Меѓу нив беа: претставници на Младинскиот центар Охрид, членови на Младинскиот совет од Охрид, првенци на генерацијата од трите средни училишта во градот, креатори на еко-апликацијата „Trashpinger”, учесници во меѓународни младински размени, како и членови на Летната школа за гитара и Летната ликовна школа при МЦО.


Таа упати честитка по повод Меѓународниот ден на младите, нарекувајќи го „најважен празник на светот”.

Младите ги презентираа своите ИТ-вештини, како и талентите во сликарството, танцот и музиката. Најуспешните средношколци ги споделија искуствата од школувањето и плановите за иднината, а учесниците во меѓународната размена информираа за позитивните искуства од посетата.

За претседателката, Охрид ќе биде поубав, доколку се искористат знаењето, умот и талентот на младите луѓе, како носители на нови идеи. Возрасните мора да им овозможат на младите учество во управувањето со сегашноста, ако сакаат подобра иднина.

За сите, важна претпоставка за младинското учество во процесот на одлучувањето е донесувањето на измените на Законот за младинско учество и младински политики.

Таа им се заблагодари на гостите за прекрасниот ден.

Можете да прочитате

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори