
Вчера раководството на СВР Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за кантон Сараево, Адмир Катица.
На средбата беше разговарано за безбедносните предизвици и ризици, како и за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат Скопје и Сараево како главни градови. Воедно на средбата беше договорена и понатамошна соработка во делот на размена на информации, стратегии и идеи кои ќе значат поголема мобилност и професионалност на полициските службеници.
На средбата од страна на двете делегации беше потенцирана и соработката во иднина помеѓу полициите на двата града.