Утрински Весник
Македонија

Средба на Перински со Туркменоглу, Шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје

1d9a8265.jpg

Министерот Златко Перински имаше значајна средба со Фатих Туркменоглу, Шеф на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, на која се споделија мислења и се разговараше за најглавните приоритети на ЕБОР во државата, а тоа е укажувањето на значителна поддршка на Македонија во инвестирање во бројни проекти во различни сектори, со цел напредок на државата во конкурентноста, зелената транзиција, како и во процесот на интеграција, како во регионалните, така и на глобалните пазари.

Министерот за локална самоуправа Перински, упати голема благодарност до Туркменоглу за досегашното тридецениско партнерство на ЕБОР со Македонија, како и за ЕБОР како еден од најголемите поддржувачи на нашата држава, чија поддршка и инвестиции имаат огромен придонес во економскиот и социјален развој на општините. Особено значајни се придобивките од инвестициите во секторите за инвестирање во проекти за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, транспортната инфраструктура, енергетиката и гасификацијата, како и општинската инфраструктура за животна средина.

Инвестициските активности од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој на државниот и приватниот сектор. Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, како меѓународна институција е значително важен стратешки партнер на Македонија, која повеќе од 30 години, уште од далечната 1993 година, досега има инвестирано над 2,6 милијарди евра во повеќе од 180 проекти.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје