Утрински Весник
Македонија

Средба на Муцунски со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау

Photo 2026 04 07 22 57 35 3.jpg

Во рамки на работната посета на Вашингтон и втората сесија на Стратешкиот дијалог, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау.

Средбата ја потврди силната и растечка соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ја истакна заедничката посветеност на двете земји кон регионалната стабилност, економската соработка, развојот на енергетскиот сектор и соработката во рамки на НАТО.


Република Северна Македонија е првата европска земја која во Вашингтон реализира сесија на Стратешкиот дијалог во мандатот на оваа администрација. Во таа насока, соговорниците констатираа дека одржаната сесија претставува значаен исчекор во унапредувањето на билатералните односи, при што ја реафирмираа заедничката определба за силно и долгорочно партнерство, засновано на безбедност, слобода и демократски просперитет.

Министерот Муцунски и заменик-државниот секретар Ландау разменија мислења и за состојбите во регионот и процесот на европска интеграција, при што беше нагласена важноста од континуираниот ангажман на Соединетите Американски Држави како клучен фактор за стабилноста на Западен Балкан.

Можете да прочитате

Левица: Свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите