Утрински Весник
Македонија

Средба на Муцунски со државниот министер за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Брн

1 51.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со државниот министер за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Брн.

На средбата се разговараше за европската перспектива на земјата и континуираната посветеност на реформскиот процес. Министерот Муцунски ја нагласи јасната определба и ангажман на Владата во насока на спроведување на реформите. Притоа, изрази очекување дека за време на ирското претседавање со Советот на Европската Унија ќе се потврди и конкретизира поддршката за процесот на проширување.


Министерот Брн ја реафирмираше принципиелната, гласна и доследна поддршка на Ирска за европската интеграција на Република Северна Македонија, нагласувајќи дека тоа претставува стратешко и безбедносно прашање за целата Европска Унија.

Во разговорот беа разгледани и можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на економската и трговската соработка.

Можете да прочитате

Нови линии – од Скопје ќе се лета до Мадрид, Стокхолм, Прага, Бари…

СДСМ: Наместо да го менаџира системот, Мицкоски лажно ја обвинува опозицијата за пожарите

ВРЕДИ: ДУИ веќе направи изборна капитулација