Утрински Весник
Македонија

Средба на министрите Муцунски и Муртезани со високата претставничка на ЕУ, Каја Калас

Img 1123.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Брисел остварија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас.

Средбата се одржа во рамки на нивната работна посета на Брисел, а во контекст на континуираната посветеност на државата кон европскиот интегративен процес и заедничките напори за продлабочување на партнерството со Унијата во областа на безбедноста и одбраната.

Муцунски и Муртезани ја потврдија посветеноста на реформите, европската агенда и унапредувањето на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната. Тие ја реафирмираа и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката за Украина, како и значењето на регионалната поврзаност и стратешките инфраструктурни проекти, меѓу кои и Коридор 8.

Двајцата министри упатија порака за важноста од предвидлива, фер и опиплива европска перспектива за целиот регион, нагласувајќи дека забрзаната и фер динамика на процесот ќе придонесе за зајакнување на кредибилитетот на проширувањето, демократската отпорност и безбедноста на регионот и Европа.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Случајот „Дурмо Турс” е жив доказ за неуспехот на системот

Мицкоски за „Сејф сити”: Поддржувам да се прошири низ целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

16 години затвор за Илија Панов: Осуден за бруталното убиство на партнерката Сузана во Кавадарци