Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Тошковски со косовскиот министер за внатрешни работи Свечла

Viber Image 2024 07 31 15 44 35 680.jpg

Денеска делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Панче Тошковски оствари билатерална средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Косово, предводена од министерот Џелал Свечла. На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу македонското министерство за внатрешни работи и косовското министерство за внатрешни работи.

„На денешната билатерална средба со косовскиот колега заеднички ја потврдивме извонредната полициска соработка што ја имаме, со надеж дека дополнително ќе ја подобриме, со цел да имаме побезбеден регион, вистинска борба против организираниот криминал и да имаме поефикасен и побрз трансфер на луѓе и економски стоки преку граничните премини. Двајцата констатиравме дека „One stop” системот за побрз трансфер на граѓани е круцијален и во иднина треба да се стави што е можно побрзо во функција. Должни сме, како одговорни политичари да направиме се што е можно да го поедноставиме максимално преминувањето на граничните премини меѓу двете земји, но притоа да се запазат процедурите околу безбедносни проверки што треба да се вршат”, рече министерот Тошковски, додавајќи дека на средбата се разговарало и околу посветеноста за справување со транснационалниот криминал и организираниот криминал.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Свечла посочи дека соработката меѓу двете министерства е одлична, со заложба за нула толеранција кон криминалот.

„Се согласивме дека има се уште потенцијал и место за поголема соработка, особено во борбата против организираниот криминал, тероризмот, трговијата со луѓе, во правец кон доброто на граѓаните на двете земји. Нашата цел е граѓаните полесно да ги минуваат нашите граници, а притоа да имаме уште поуспешна борба против организираниот криминал”, истакна министерот за внатрешни работи на Косово, Свечла.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице