Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Тошковски со Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР

451865297 122166797864197509 5229675161542937771 N.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со Габриел Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата држава.

На средбата беше потврдена добрата соработка на МВР со УНХЦР, заедничките постигнати резултати, а соговорниците разговараа и за актуелни прашања, како и за натамошната соработка.
„Заеднички го истакнавме фактот дека Македонија е држава во која во многу прилики сме ја истакнале својата солидарност и хуманост во справување со хуманитарни кризи кои предизвикале раселувања и бегалци”, рече министерот Тошковски.

Од страна на Габриел Гуалано де Годој беше потенциран проблемот на лицата кои се уште се без државјанство а од страна на министерот беше потенцирано дека ќе се преземе се што е во надлежност на МВР што поскоро да се реши нивниот статус.

„Наш план е и зајакнување на системот на баратели на азил со стандардни оперативни процедури преку кои граничната полиција ќе постапува во насока на олеснување на проблемите кои ги имаат барателите на азил”, истакна министерот Тошковски.

На средбата беше истакната заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР.

Притоа, во однос на досега постигнатото, г. Габриел Гуалано Де Годој ги пренесе благодарноста, но и, како што посочи, признанието дека нашата држава се цени како вистински лидер, не само во регионот во прашањата на заштита на правата на бегалците. 

Можете да прочитате

Едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“ во Кочани од над 300 спортисти

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025

Мицкоски: Ако е мудар, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи во партијата