Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Панче Тошковски со премерот на Србија Милош Вучевиќ

4 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (27.07.2024) во рамките на посетата на Република Србија оствари работна средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ.

На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за гостопримството потенцирајќи дека Србија е сосед кој е секогаш тука за нас кога е најпотребно и тоа многу пати во минатото е потврдено, а особено неодамна кога беше испратен српски хеликоптер за да помогне во гаснењето на пожарите.

Министерот Тошковски потенцираше дека соработката меѓу двете држави е на одлично ниво и само ќе се продлабочува во иднина.

Од страна на премиерот Вучевиќ беа упатени честитки за изборот на новата Влада и посочи дека ваквите средби се од големо знаење во негувањето на одличните односи меѓу двете земји.
Воедно премиерот Вучевиќ потенцираше дека Србија е земја која нема ниту едно отворено прашање со нашата држава и во тој контекст ќе биде наш поддржувач на секое поле, особено на евроинтегративниот пат.

Премиерот Вучевиќ исто така го поздрави назначувањето на министер од српската заедница во македонската влада, оценувајќи го како потег значаен за Србија во негувањето на традиционално добрите односи.

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница