Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муртезани со јапонскиот амбасадор Казуја

Murtezani Kazuja.jpg
Dik 300x250 mk

Денес министерот за европски прашања Орхан Муртезани имаше средба со амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Н.Е. Отсука Казуја, на која беше потврдена одличната билатерална соработка, како и јапонската поддршка на Северна Македонија преку донации во некои од најважните сектори за нашиот евроинтегративен процес.

Министерот Муртезани му се заблагодари на амбасадорот Казуја за целокупната поддршка што Јапонија ѝ ја дава на Северна Македонија, а се разговараше и за успешната реализација на проектите од јапонските грантови, како и за унапредување на соработката во контекст на нови инвестиции. Муртезани ја реафирмираше посветеноста на Владата за понатамошен развој на односите во рамки на Иницијативата на Јапонија за соработка со земјите од Западен Балкан.

Амбасадорот Казуја ја истакна одличната соработка со Министерството за европски прашања и нагласи дека во изминатите години Јапонија обезбеди над 800 илјади евра  помош за зајакнување на здравствените услуги за набавка на медицинска опрема за ковид центрите во земјата.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат