Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ

Mucunski 26022025 1.jpeg

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и соработка меѓу двете земји кои се одвиваат во континуитет во областите од заемен интерес. Во овој контекст, беа разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план.


Соговорниците разговараа и за актуелните политички состојби во двете земји, како и нивната перспективата во процесот за интегрирање во Европската Унија при што се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите-членки.

Министерот  ја потврди поддршката за европските и евроатлантските аспирации на БиХ, притоа потенцирајќи ја подготвеноста, за размена на искуства во оваа област.

Можете да прочитате

Уапсен гостиварец, возел во спротивна насока на автопатот Скопје- Велес

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја нападнал ќерка ми и во болница, каде што била хоспитализирана, пред очите на внуката Катја

Хоџа: Јавна расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа