Утрински Весник
Македонија

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“

Img 1650.jpeg
Dik 300x250 mk

Во еден скопски хотел денеска се одржа средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и премиерот на Република Албанија, Еди Рама. Средбата се случи во рамките на Конференцијата на Европската Унија што се одржува во Скопје.


Ахмети на својот официјален профил на Фејсбук ја опиша средбата како „братска“, посочувајќи дека разговарале за клучни теми поврзани со европската иднина на регионот.

„Во време кога Албанија е на неповратен пат кон членството во Европската Унија, повторивме дека и Северна Македонија треба да биде дел од овој пат. Европската иднина на регионот е заедничка – во овој процес нема поделба“, напиша Ахмети.

Тој посочи дека со премиерот Рама разговарале за:

  • Сериозните закани за Охридскиот рамковен договор,
  • Состојбата со меѓуетничките односи во Северна Македонија,
  • Потребата од продлабочување на билатералната соработка меѓу Скопје и Тирана.

„Ова беше искрена средба, со политичка и братска длабочина, врз основа на еднаквост и европска перспектива. Му благодарам на премиерот Рама за континуираната поддршка на еднаквоста и европскиот пат на Северна Македонија“, додаде Ахмети.

Средбата доаѓа во време на зголемени регионални предизвици, особено во однос на евроинтеграциите и зачувувањето на стабилноста и мултиетничкиот карактер на Северна Македонија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ со промени во пратеничкиот состав – тројца членови заминуваат на градоначалнички функции

Потопло утро имаме во нашата Македонија, но полека облачноста се зголемува

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки