Утрински Весник
Македонија

Средба на државниот обвинител Савески со амбасадорот на ОБСЕ Вал

Img da21b2c96592abd1de188e750cc0c7a6 v.jpg

Јавниот обвинител Ненад Савески имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килиан Вал. Ова е прва официјална средба на државниот обвинител Савески по неговото именување на функцијата.

На средбата, амбасадорот Вал му честиташе на Савески на изборот и ја понуди континуираната долгорочна поддршка на ОБСЕ за Јавното обвинителство. Оваа поддршка се надоврзува и на долгогодишната претходна одлична лична професионална соработка на Савески како експерт консултант на ОБСЕ.


Тој во името на Јавното обвинителство се заблагодари за досегашните ангажмани на Мисијата на ОБСЕ во насока на силна институционална поддршка, унапредување на владеењето на правото во нашата држава и зајакнување на независноста на јавното обвинителство.

Притоа, двајцата разговараа и за сите можности и насоки во кои таа поддршка треба да продолжи во следниот период, пред се имајќи ги предвид и предизвиците со кои се соочува обвинителството во однос на ресурсите и правната рамка. Савески и Вал разговараа и за финансирањето и потребата од соодветен буџет за ефикасна борба против корупцијата.

Исто така, на средбата беше договорено наскоро да биде назначен јавен обвинител задолжен да го следи постапувањето по предметите за кривични дела сторени од омраза на територијата на целата држава, по примерот на таква контакт-точка која веќе функционира во Основното јавно обвинителство Скопје.

Можете да прочитате

Крвава пресметка во Гази Баба

13-годишно дете прегазило друго дете со кола во Арачиново

Трипуновски од Кичево: Креираме политики заедно со земјоделците