Утрински Весник
Македонија

Средба Муцунски – претставници на ОМД

Whatsapp Image 2024 08 05 At 3.38.03 Pm.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари работна средба со претставници на „Обединетата македонска дијаспора”.  На средбата, покрај претседателот Мето Коловски, присуствуваа и заменик претседателот, Александар Митрески и одговорниот за Европа, Горан Јорданов.

Двете страни изразија заемно задоволство од средбата, за која како што истакнаа е во насока на зајакнување на врската помеѓу нашата земја и дијаспората, која несомнено придонесува за  застапување на македонските интереси, меѓународна афирмација на земјата и промовирање на македонските вредности, идентитет и култура.

Од страна на Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски беше истакнато дека новата Влада и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија посветуваат сериозно внимание на негување на врските и грижа за унапредување на положбата и правата на Македонците надвор од државата, унапредување на процесот на изучување на Македонскиот јазик, како и подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу македонските организации во странство и матичните државни институции.

Двете страни го поздравија најавеното создавање на новата Национална стратегија за соработка со дијаспората, за која во следниот период ќе се воспостави оперативна соработка за размена на податоци.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег