Утрински Весник
Македонија

Средба Муцунски – Агелер – 24info.mk

Mucunski Ageler 17.9.2024.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретнаl со амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

На средбата се разговарало за претстојното Генерално собрание на ООН, евроинтеграциите на Северна Македонија и важноста од забрзување на процесот, што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата.

Министерот Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократскиот развој на државата. Разменети беа мислења за билатералните односи и можностите за нивно зајакнување во рамки на Стратешкиот дијалог.

На средбата беше реафирмирано силното сојузништво во НАТО и заедничката определба за одбрана на демократските вредности, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Можете да прочитате

Македонското радио одбележува 81 година од постоењето

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка

ВМРО-ДПМНЕ: Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи