Утрински Весник
Македонија

Средба Муцунски – Агелер – 24info.mk

Foto 2 1.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер на кој меѓу другото беше претставен и новоименуваниот заменик шеф на мисијата во Скопје, г-ѓа Никол Варн.

Во рамки на средбата министерот Муцунски ја повтори благодарноста за долгорочната поддршка од страна на Соединетите Американски Држави за севкупните реформски процеси во земјата. Заемно беше потврден интересот за одржување на континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и партнерската соработка во рамки на НАТО Алијансата.

При тоа, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото, како и борбата со корупција.

Можете да прочитате

Одземени 7107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар

Жена повредена во сообраќајна незгода со полициско возило

Манасиевски: Наместо лаги за Томовски, добро е СДС да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица